23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на странски туристи, најбројни Турците

Расте бројот на странски туристи, најбројни Турците

turizaam

Бројот на странските туристи кои ја посетиле Македонија во јули годинава бележи пораст од 9,9 проценти во однос на јули лани. Најбројни биле Турците, Србите, Холанѓаните, Полјаците и Грците.

Спред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесува 6.913, од Србија 5.742, од Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761.

Вкупниот број туристи во јули годинава е 107.231 и бележи пад за 3,9 проценти во однос на јули 2013 година. Во овој период остварени се 478.911 ноќевања, кои во споредба со јули лани бележат намалување од 7 отсто.

Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14,1 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%.

Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,1 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските има зголемување за 7,2 отсто.

Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 6 проценти, а кај странските има зголемување за 6,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП