20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова турска инвестиција во Центарот за плодност

Нова турска инвестиција во Центарот за плодност

img_bebe7

Еден милион евра е новата турска инвестиција во изградба на Центарот за плодност лоциран во Скопје. Центарот веќе е пуштен во употреба, со најсовремена апаратура, и искусни лекари од Турција, Албанија и Македонија од областа на гинекологијата, урологијата, анестезиологијата и генетиката, заедно со ембриолог.

Шефот на одделот за ембриологија, доктор Бирол Ајдин на денешната средба со новинарите посочи дека центарот гарантира за своите резултати и медицинската процедура и оти наплатата ќе биде откако резултатите ќе бидат видливи. Посочи дека ќе има пет методи и оти има резултат кај секого.

Ќе третираат ин витро фертилизација и интраутерина инсеминација, како и неплодност кај мажите.

Во нашата работа ние создаваме живот и знаеме колку драгоцен и кревок може да биде посебно во одредена фаза од процесот. Токму порди тоа нашата политика е да понудиме резултати, а со тоа и да предизвикаме нечија среќа. Методите што ги користиме, експертиза со која што располагаме и тимот на едуцирани и реномирани специјалисти ни овозможува загарантирани резултати во нашата работа, истакна Ајдин.

Извршниот директор Серпил Каја истакна дека нивниото центар нуди поразлични услуги од другите болнички установи со имплементацијата на новиот иновативен систем.

Многу побрзо, поудобно и со минимален стрес. Во нашиот центар трошоците за ин витро ополодување можат да биде покриени и преку Фондот за здравствено осигурување, рече Каја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП