2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко сакате да ослабите овие грешки со салатите мора да ги избегнете

Ако сакате да ослабите овие грешки со салатите мора да ги избегнете

70252_profimedia0092423747_630x0

Кога некој сака да ослабне, најчесто започнува да јаде салати. Повеќето луѓе кои држеле диета знаат дека треба да се избегнуваат кремастите преливи за салата, но една грешка во однос на салатите речиси сите ја повторуваат.

Џорџин Бренан, автор на книгата „Salad of the Day“, вели дека претераната употреба на маслиновото масло е главната калориска замка при подготвувањето на салатите.

„Маслиновото масло е толку вкусно што се користи речиси во сите јадења, пиперките се пржат во него, маслинките се чуваат во него, сирењето се попрскува со него, служи како најчест додаток. А тоа всушност е најголемата замка.

Наместо да користите производи на база на масло, Џорџин советува други нешта кои ќе го заменат маслото, а нема да му наштетат на вкусот.

70251_profimedia0090092176_630x0 (1)

Наместо туна во маслиново масло, купете туна подготвена во сопствениот сок, наместо пиперки испржени во масло, јадете свежи пиперки, а наместо зелените маслинки јадете црни.

Освен тоа, таа предлага да вметнете свеж домат, краставица, грав и врз сето тоа да ставите фета сирење.

„Не е потребно да ставате премногу сирење. Умереноста е многу важна“ вели таа.

Кога станува збор за преливите, таа советува да се користат во екстремно мали количини.

„Во преливот користете маслиново масло, сами одлучете колку. Но, преливите не ги прелевајте преку салатата туку салатата само попрскајте ја со нив“, советува таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП