29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei се бори против корупцијата на своите вработени

Huawei се бори против корупцијата на своите вработени

hu tehnologies

Најголемиот кинески производител на телекомуникациска опрема, компанијата „Huawei Technologies“, има проблем со лојалноста на своите вработени. Со внатрешна истрага од страна на вработените на оваа компанија откриле четворица колеги кои ги прекршиле строгите правила на компанијата кои се однесуваат на корупцијата.

Иако официјални инфромации се уште нема, некои извори блиски на компанијата за „Reuters“ ја потврдиле оваа информација.

Локалните медиуми во Кина наведуваат дека истрагата опфатила вкупно 116 вработени за кои се сомневале дека од надворешни бизнис партнери или продажните претставници примале мито, а за возврат им давале поголеми попусти. Се смета дека споменатите четворица се обвинети токму за вакви активности.

Од компанијата пристигна само соопштение во кое тие повторуваат дека се залагаат пред се за транспарентно, чесно и праведно пазарно натпреварување, како и дека најостро ќе се спротивстават на вработените кои не се придржуваат со оваа политика на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП