„Mercedes“ ја претстави редизајнираната „B сlasѕ“ која ќе има светска премиера на парискиот авто-саем на почетокот на октомври.
Oд кога на крајот на 2011-та година на пазарот се појави втората генерација на „B сlasѕ“, „Mercedes“ продаде преку 350.000 примероци од овој модел.
Три години подоцна овој модел е подобрен со цел подобро да се справи со конкуренцијата која од скоро е посилна со „BMW Serieѕ 2 Active Tourer“.
Кога станува збор за надворешноста на автомобилот, изгледа дека „Mercedes“ главно беше задоволен со досегашниот дизајн на „B сlasѕ“, па така стилските промени се незначителни.
Редизајнираниот преден браник има нешто поголеми отвори за воздух, а редизајнирани се и маската на ладилникот и фаровите. Како дополнителна опција во понудата се и новите „LED High Performance“ фарови.
Промените на задниот дел на „B сlasѕ“ се уште помали и опфаќаат благо редизајниран браник и стоп светла, како и нов изглед на издувните цевки.
Преобликувани се и некои елементи во внатрешноста на возилото, како командите на централната конзола или воланот, а дополнителното амбиентално светло е достапно во 12 различни нијанси.
„Mercedeѕ B сlasѕ“ е опремен со бројни безбедносни системи за асистенција, како системот за предупредување и превенција од судар со возилото кое е напред, а кој функционира при брзини од 60 дo 200 km/h.
Mоторизацијата опфаќа четири бензински и пет дизел единици.
Основниот бензинец „B180“ е опремен со 1.6-литарски мотор со 122 ks и 200 Nm. Следат „B200“ со 156 ks и 250 Nm, потоа „B220 4MATIC“ со 184 ks и 300 Nm и „B250“ со 211 ks и 350 Nm, кој има 2.0-литарски бензинец.
Најслабата дизел верзија, „B160 CDI“ моќта ја добива од 1.5-литарскиот мотор со 90 ks и 240 Nm. Дизели со иста зафатнина се наоѓаат и во моделите „B180 CDI“ и „B180 CDI BlueEfficiency“ каде произведуваат 109 ks и 260 Nm.
По нив следат „B200 CDI BlueEfficiency“ со 2.1-литарски мотор со 136 ks и 300 Nm, a во врвот на понудата е „B220 CDI“ со 177 ks и 350 Nm.
На купувачите на одредени пазари ќе им биде достапен и модел со електричен погон со моќ од 180 ks (132 kW) и вртежен момент од 340 Nm.
Електричната „B сlasѕ“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 7,9 секунди и достигнува максимални 160 km/h.
Енергијата ја добива од литиум-јонската батерија од 28 kWh, a радиусот на движење со едно полнење е до 137 km.
Батеријата до максималниот капацитет може да се дополни за три ипол часа, додека полнењето од 2 часа гарантира дека можете да возите уште 90 km.
„Mercedes B сlasѕ“ зa 2015-та во продажните салони ќе пристигне во ноември, а почетната цена во Германија ќе изнесува 27.100 eвра за основниот „B180“.