23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбран проектот за новата плажа во Охрид

Избран проектот за новата плажа во Охрид

121288637

Заврши електронското гласање на кое граѓаните можеа да изберат најдобро идејно решение за уредување на плажата на Охридското eзеро, во близина на охридскиот аеродром.

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека од вкупно пристигнатите пет идејни решенија, најмногу гласови има добиено третиот проект, односно 56 проценти од вкупно 3.072 гласа, по што следуваат првото идејно решение за кое гласале 21 процент од вкупниот број на гласови, второто решение со 14 проценти, четвртото со 7 проценти и петтото со три проценти од гласовите.

Во следниот период, ресорното Министерство ќе донесе решение за доделување на награда, како и за исплата на трошоци за останатите идејни решенија.

Предвидено е плажата да се изгради според највисоките туристички стандарди, без да се наруши еко-интегритетот на околината.

На плажата предвидено е да има песочна површина, да се заштити постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, како и да се уреди со клупи, фонтани за питка вода и пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Треба да има и шанк со кабина за музика, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити, а треба да биде обележан и просторот за капење во езерото. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП