6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА200 опасни непрехранбени производи присутни на европскиот пазар

200 опасни непрехранбени производи присутни на европскиот пазар

produkt1

На европскиот пазар од почетокот на годината биле присутни околу 200 непрехранбени производи за кои се утврдило дека претставуваат сериозен ризик за здравјето и безбедноста на потрошувачите.

Европскиот систем RAPEX во текот на 2012 година речиси 2.000 пати ги предупредил потрошувачите дека некој производ што се наоѓа на полиците во продавниците е неисправен, а над половина од нив пристигнале од Кина.

Бројот на откриени опасни производи на полиците во маркетите секоја година расте, а на десет проценти од ризичните производи воопшто не се знае земјата на потекло.

Европската комисија со новата и построга законодавна регулатива планира да го намали бројот на такви производи на пазарот.

Во иднина секој непрехранбен производ кој се пласира на пазарот на ЕУ ќе мора да има потврда кој и каде го произвел, како и името и адресата на производителот на самиот артикл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП