29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите санкции од ЕУ за Русија денес стапуваат на сила: Стоп за...

Новите санкции од ЕУ за Русија денес стапуваат на сила: Стоп за руската нафта

G

Европската унија утринава го објави новиот пакет санкции за Русија, а на мета се сите нафтени комапнии во државна сопственост.

На нафтените компании Роснефт, Транснефт и Газпромнефт од денес им е забранет пристапот на европскиот финансиски пазар, а санкциите се однесуваат и на пет банки кои се поврзани со нив.

Освен тоа, санкциите опфаќаат и забрана за извоз на оружје во Русија, како и т.н. технологија за двојна употреба, која може да се користи во цивилни и војни цели, како и забрана за извоз на опрема за истражување и експлоатација на нафта, со што на Русија ќе и се отежне пристапот кон новите наоѓалишта во артичкиот појас.

„Проширена е и „црната листа“ на руските функционери на кои им е забрането да патуваат и работат во ЕУ, на неа се впишани вкупно 24 нови имиња.

Одлуката за воведување на санкции кон Русија поради агресијата кон Украина членките на ЕУ ја донесоа во петокот минатата недела, а нивната примена беше одложена со цел да се види дали ќе постои прекин на огнот во Украина.

Претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, вчера соопшти дека санкциите ќе бидат целосно или делумно укинати веќе на крајот на месецот доколу ЕУ процени дека се спроведува мировен план за Украина, за кој сеуште се преговара.

Русија утрово ги најави контрамерките, кои ќе опфатат забрана за увоз на автомобили и многу производи за широка потрошувачка од ЕУ, како и забрана за летови на авиони преку руската територија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП