19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудот ја потврди пресудата на Masterсard

Судот ја потврди пресудата на Masterсard

master card 2954

Европскиот суд на правдата ја потврди пресудата дека американската компанијата „Masterсard“ ги прекршила прописите за конкурентност.

Како што е наведено, компанијата наплатувала провизија на прекуграничните трансакции.

Потврдувајќи ја пресудата од 2007-ма, на која „Masterсard“ вложи жалба, судот наведе дека спорната практика ги принудила продавачите да ја подигнат цената која ја наплатуваат на купувачите.

Кога купувачот користи кредитна картичка при плаќањето на стока, банката на трговецот на банката на купувачот мора да и наплати провизија за користење на услугата. Банката на трговецот поради тоа провизијата му ја наплаќа на трговецот, кој таа бројка ја додава на продажната цена на својот производ, која ја плаќаат сите купувачи, вклучувајќи ги и оние кои воопшто не плаќаат со кредитни картички.

Европската комисија наведува дека практиката на „Masterсard“ го загрозува развојот на пазарното плаќање со картички, како и развојот на поврзани пазари, како што се интернетот и мобилните плаќања.

Комисијата во 2007-ма и забрани на „Masterсard“ да ја наплатува прекуграничната провизија во рамките на Европската економска зона (ЕУ, Норвешка, Лихтејнштајн и Исланд). Конкурентот на „Masterсard“, „Viza“, прифати минатата година да намали некои од своите меѓубанкарски провизии и до 60 проценти и започна мерки со цел за намалување на бариерата која ја кочи прекуграничната конкурентност, по слични тужби од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП