24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Евентуалната независност на Шкотска ќе донесе проблеми“

„Евентуалната независност на Шкотска ќе донесе проблеми“

Britain Scotland Advertising

ММФ проценува дека евентуалниот излез на Шкотска од Велика Британија ќе предизвика неизвесност и негативна реакција на пазарите.

Одлуката на Шкотска да излезе од составот на Велика Британија може да предизвика краткорочни негативни реакции на пазарите поради неизвесноста околу идната економска политика на Шкотска, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Главниот непосреден ефект веројатно ќе биде неизвесноста во поглед на транзицијата на потенцијално нова и поинаква монетарна, финансиска и фискална рамка во Шкотска“, изјави портпаролот на ММФ, Бил Мареј и додаде дека долгорочните ефекти ќе зависат од одлуките кои ќе бидат донесени за време на транзицискиот период, пренесува агенцијата Ројтерс.

Резултатите на најновата анкета покажаа дека за прв пат поголемиот дел од населението на Шкотска е за независност од Велика Британија, само неколку денови пред референдумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП