8 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРакометниот клуб Металург со поддршка за кампањата Шанса за живот

Ракометниот клуб Металург со поддршка за кампањата Шанса за живот

luka-naslov

Кампањата на ОКТА „Шанса за живот“, ја доби поддршката од ракометниот клуб Металург. Металург ги повика своите поддржувачи и навивачи да донираат најмалку 100 денари за Интензивното одделение на Детската клиника и со тоа за возврат да добијат како подарок алка со логото на кампањата. Добиената алка ќе биде влезница за саботниот натпревар меѓу тимовите на Металург и Раднички.

За секој што ќе донира и со покажување на алката на влезната врата, влезот за следење на натпреварот ќе биде слободен. Исто така, пред Спортскиот центар Борис Трајковски три часа пред почетокот на натпреварот ќе бидат поставени два штанда каде ќе може да се донира и со тоа да се добие алка.

luka-golema

Се до саботниот натпревар за сите заинтересирани за донирање и за поддржување на Металург во овој важен натпревар, донациите може да се направат а со тоа да се добие и алка во Тренд Кафе лоциран во Сити Мол и на бензинската пумпа на ОКТА во Карпош 3.

„Шанса за живот“ е национална кампања на ОКТА за опремување на Интензивното одделение на Клиниката за детски болести. Целта на кампањата е да го намали бројот на смртност меѓу новороденчињата и да помогне оваа институција да понуди подобра и поефективна медицинска помош.

Со собраните средства ќе бидат набавени инкубатори, пулсометри, аспиратори, перфусори и друга неопходна опрема за ова одделение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП