5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна да се прави новата Стратегија за развој на Источниот регион

Почна да се прави новата Стратегија за развој на Источниот регион

ipr_flaer_mk

Нова патна инфраструктура, гасификација, нови и реновинари училишта и градинки, развивање на туризмот и создавање услови за живот во селата, се приоритети на Источниот регион за наредните пет години, кои ќе бидат и нотирани во новата стратегија.

Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева информира дека претставиници на 11-те општини од денеска почнуваат да ја прават новата Стратегија за развој на Источниот регион.

Ќе се работат и проекти за развој на руралните средини во овој регион, исто така и на развој на туризмот. Досегашните приоритетни проекти ги реализиравме благодарение на средствата од Владата, од Програмите за меѓугранична соработка и од донации, истакна Здравева.

Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев пред учесниците на денешниот работен состанок истакна дека истокот има многу приоритети, а најзначајни се патиштата, гасификацијата и запирање на иселувањето од руралните подрачја.

Сепак, според него и останатите претставници од локалните власти, во моментов најзначајно е што веќе се реализира автопатот Миладиновци-Штип, кој ќе донесе дополнителен развој на овој регион.

Во текот на изминатите пет години, статистиката вели дека во овој регион има развој, односно пораст на Бруто домашниот производ од околу 35 проценти, кој е над државниот просек.

Според Денис Жерновски проект менаџер на Стратегијата за развој на Источно планскиот регион, ова се должи и на неколкуте странски инвестиции, но и на земјоделието. Новата петгодишна стратегија за регионот треба да биде готова до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП