28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаумоф во Солун - Наоѓаме начини да се подобрат економските односи со...

Наумоф во Солун – Наоѓаме начини да се подобрат економските односи со Грција

dzerinaumov

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, за време на посетата на Солун на 79-тиот Меѓународен трговски саем, се сретна со грчкиот министер Јоргос Орфанос.

Двајцата министри имаа можност да ги споделат своите перспективи за зајакнување на билатералната соработка во економската сфера.

По средбата, министерот Наумоф потврди дека неговото присуство во Солун е во рамките на развивање пријателски односи со бизнис лидери во Грција. – Ние сме во потрага по начини да им се помогне на двете земји да се подобрат економските односи базирани на доверба и сигурност, истакна министерот Наумоф.

Според него, двете страни се согласиле дека имале позитивна дискусија во добрососедски дух со надеж за заемна соработка во делот на туризмот, трговијата и останати идни бизнис инвестиции.

Министерот Наумоф ги презентираше можностите за бизнис во Македонија и пред членовите на Федерацијата на извозници на северна Грција.

Македонската бизнис клима беше претставена и пред бизнис делегација од Њу Делхи, Индија.

Посетата на министерот Наумоф заврши со состанок со директорот на италијанско-грчката стопанската комора кој се согласи да ја посети Македонија во врска со потенцијални бизнис проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП