4 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпската Влада размислува да складира руски гас во Унгарија

Српската Влада размислува да складира руски гас во Унгарија

kiev gas rusia

Српската Влада сериозно размислува за можноста да складира меѓу 100 и 200 милиони метри кубни руски гас во Унгарија, изјави српскиот министер за енергетика Александар Антиќ.

На овој начин Србија би имала доволно гас за претстојната зима во случај на заострување на кризата во Украина. Ја разгледуваме опцијата во Унгарија да складираме 100 до 200 милиони метри кубни гас, количество кое е договорено со рускиот „Газпром“, истакна Антиќ.

Тој нагласи дека складиштето за гас во Банатски Двор, кое има капацитет од 450 милиони метри кубни, е полно до максимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП