ЕКОНОМИЈА

Рубљата рекордно ниска во однос на доларот

rubljirub1

Руската рубља денес повторно падна на најниското ниво во однос на доларот, по веста на Европејците за зајакнување и дополнување на санкциите против Русија.

Претходната рекордно ниска вредност на рубљата во однос на доларот забележана на 1. септември изнесуваше 37,51, а денес таа се намали на 37,57 за еден долар.

Рубљата ја загуби својата вредност и во однос на еврото, а индексите на московската берза значително опаднаа.