25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина ги казни Audi и Chrysler

Кина ги казни Audi и Chrysler

audi_76767470_audiafp

Кинеските власти ги казнија производителите на автомобили „Audi“ и „Chrysler“ со 40,5 односно 5,2 милиони долари поради кршењето на антимонополскиот закон.

Владата во Пекинг соопшти дека со истрагата е откриено дека „Audi“ го прекршил законот така што во продавниците за автомобили наметнувал минимална цена која била наплатувана за продажбата и услугите, додека „Chrysler“ ja наметнувал минималната продажна цена и цената за поправки, пренесува Ројтерс.

Кинeските власти на крајот на август казнија 10 јапонски производители на авто-делови со повеќе oд 200 милиони долари поради местење на цените, што е најголемата казна откако во 2008 година во Кина стапија на сила казните од антимонополскиот закон.

Се поголем број на странски компании во Кина велат дека се мета на неправедни антимонополски истраги и најавуваат дека, доколку условите за бизнис не се подобрат, тие би можеле да ги намалат инвестициите во таа земја. Кинеските официјални лица, сепак, ги отфрлаат обвинувањата на странските компании дека тие се нивна мета и наведуваат дека подеднакво ги истражуваат и странските и домашните компании доколку постои сомневање за прекршување на прописите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП