1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија 0,8 проценти

Инфлацијата во Германија 0,8 проценти

germanija3

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, во август остана на најниското ниво во последните четири ипол години, покажаа официјалните податоци во Берлин.

Потврдувајки ја прелиминарната проценка од крајот на минатиот месец, германскиот Заводот за статистика наведе дека инфлацијата во август изнесувала 0,8 проценти, како и во јули, пренесува агенцијата Франс прес.

Последен пат инфлацијата беше ниска во февруари 2010 година. Невообичаено ниската инфлација во 18 земји членки од европската монетарна унија поттикнува загриженост дека регионот ќе потоне во дефлација, односно континуиран пад на цените, кој ја попречува економската активност и доведува до пад на вработеноста.

Загриженоста околу делфацијата ја поттикна и Европската централна банка минатата недела да ја намали каматната стапка и да започне со други мерки со цел олабавување на монетарната политика во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП