27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ бара намалување на пензиите и платите во Србија за 10 отсто

ММФ бара намалување на пензиите и платите во Србија за 10 отсто

mmfmisijaf5r46re4g6e4r

Меѓунардониот монетарен фонд бара од Владата на Србија да ги намали средствата наменети за пензии и за плати на вработените во јавниот сектор за 10 проценти, објави во денешниот број белградскиот весник „Блиц“.

Извор во српската Влада за весникот вели дека ММФ не го интересира за колку ќе бидат намалени платите и пензиите, туку само бара смалување на вкупната маса на средствата предвидени за таа намена.

Весникот наведува и дека Фондот бара смалување на јавниот долг на Србија во следните три години, како и воведување на мерки на штедење, имајќи предвид дека во изминативе години Белград троши 15 до 20 отсто повеќе средства отколку што прибира.

ММФ не инсистира на ниту една конкретна мерка, но наведува дека не гледа начин за избегнување на криза со јавниот долг во следните три години, доколку државата продолжи да троши 11 отсто од вкупните буџетски средства за плати во државниот сектор и 14 проценти за пензии, наведува соговорникот на „Блиц“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП