26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ја мина границата од 200 милиони фунти за плати

Јунајтед ја мина границата од 200 милиони фунти за плати

utd pari

Манчестер Јунајтед забележа рекорден годишен приход од 433,2 милиони фунти, што е за 19% повеќе во споредба со показателите од минатата година.

Чистата добивка на клубот за изминатиот финансиски период (од 30-ти јуни 2012-та до 30-ти јуни 2013-та), пак, е во износ од 23,8 милиони. Тука повлекувањето е сериозно, бидејќи профитот е за 84% понизок од оној во претходната година која изнесуваше 146 милиони.

Приходите од спонзорските договори се зголемени за цели 49%, а оние од реклами за речиси една четвртина. Од објавениот извештај стана јасно дека разрешувањето на Дејвид Мојс го чинело клубот 5,2 милиони, а тоа е сумата за компензации исплатени на Шкотланѓанецот и неговиот тим.

Во овој извештај, се разбира, не се вклучени загубите кои ќе произлезат од неучеството на „црвените ѓаволи“ во европските натпреварувања. Слабите резултати на Јунајтед под водство на Мојс сепак ќе се одрази на следната финансиска година, бидејќи Манчестер Јунајтед очекува загуба од околу 40 милиони фунти поради фактот дека нема да учествува во Лигата на Шампионите.

Сепак тоа нема да биде толку тежок финансиски удар за клубот благодарение на големите договори со Адидас и Шевролет.

Ова е прва сезона во Манчестер Јунајтед да ја надминат границата од 200 милиони фунти потрошени за плати. Досега единствениот клуб, кој ја надмина оваа сума беше Манчестер Сити. Но тука не се вклучени платите на новите засилувања, а особено платите на Анхел ди Марија и Радамел Фалкао ќе имаат сериозно влијание во оваа насока.

Заедно со тоа од „Олд Трафорд“ потрошија над 150 милиони фунти за нови играчи во ова лето, а се шпекулира дека Ван Гал ќе продолжи со купување и во јануари. Ќе биде интересно како сето ова ќе влијае на финансискиот баланс на Манчестер Јунајтед кој ќе биде објавен следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП