2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрена размената со Косово, бизнисмените бараат укинување на сите бариери

Подобрена размената со Косово, бизнисмените бараат укинување на сите бариери

trgovska razmena

Владите да бидат доследни во имплементацијата на ЦЕФТА договорот, да престане воведувањето протекционистички тарифни и нетарифни мерки надвор од дефинираните процедури зашто тоа го запира слободното движење на стоките, предизвикува загуби и создава нестабилен трговски амбиент, бараат стопанствениците од Македонија и Косово.

Ваквата пракса, како што истакнаа по денешниот работен состанок во Приштина, испраќа порака до странските инвеститори дека отсуствуваат правна сигурност и одржливо бизнис опкружување.

За унапредување на соработката меѓу двете земји, децидни се бизнис заедниците, неоходно е што поскоро потпишување договор за заштита и поттикнување на инвестициите, поедноставување на царинските постапки преку вршење заеднички контроли и модернизирање на инфраструктурата за побрз проток на стоки. Клучна е и изградбата на автопатот кој треба да ги поврзе Приштина и Скопје. Оваа иницијатива на косовската Влада, нагласија, треба да биде поддржана и од македонската.

Во оваа насока, стопанските комори на Косово и Македонија потпишаа Меморандум за соработка и за размена на свои претставници чија задача ќе биде да ги детектираат актуелните проблеми на бизнисот и да алартмираат до надлежните институции за нивно решавање.

„Економската соработка да ги елиминира бариерите од секаков вид, да се надминат сите предизвици, да се подобри комуникацијата, тоа ќе биде нашиот фокус. Веќе сме во 21-от век, век на економијата, на парите. Не смееме да дозволиме да изгубиме ниту време, ниту пари“, нагласи претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Герџалиу.

Според него, стопанствениците од Македонија и Косово преку интензивирање на соработката треба да го подобрат партнерството во регионот, но и имиџот на своите држави.

„Иако сме мали, ќе работиме на поромоција и на создавање подобра слика за Западен Балкан“, порача Герџалиу.

Извршната директорка на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева подвлече дека во изминатите неколку месеци евидентирано е намалување на досегашниот пад во размената.

„Веќе се очигледни резултатите од Договорот за соработка меѓу коморите потпиешан во мај годинава. Забавен е падот на размената. Во 2013 година вкупната размена беше 306 милиони долари што беше 37 отсто пад во однос на 2012-та, додека во седумте месеци од 2014-та намалувањето е само 13,7 проценти. Извозот лани бил 41,9 отсто помал од 2012-та, а од јануари до јули годинава е намален за 17 проценти“, посочи Георгеивска.

Претставниците на коморите, додаде, најпрво ќе делуваат во најкритичните сектори, земјоделско-прехранбениот и металургискиот.

Стопанствениците од Македонија и Косово на денешната средба се согласија дека дел од соработката треба да биде и користењето средства од ЕУ фондовите преку креирање заеднички проекти посебно во делот на транспортната и енергетската инфраструктура, заштитата на животната средина и туризмот, како и потпишување договори за фитоисанитарна заштита, безбедност на храната и ветеринарството.

Во периодот јануари-јули годинава вкупната размена меѓу Македонија и Косово е 153 милиони долари или 13,5 отсто помалку од истиот период лани. Извозот изнесува 131,7 милиони што е намалување за 17,6 отсто, а увозот 21,2 милиона и е зголемен за 24,9 проценти.

Косово моментно е наш 10-ти трговски партнер, а лани бил на деветото место.

Во извозот најзастапени се нафтените масла, валаните производи од железо, нафтен кокс, лекови, цигари, пекарски производи,…., додека во увозот водата, кондитроските производи, свежото овошје и зеленчук, брашното, отпадоците од легиран челик, акумулаторите.

Коморите ги назначија Сенад Мурати од косовска и Васко Ристовски од македонска страна за остварување директна комуникација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП