28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСириза тврди дека ќе има трет кредит за Грција

Сириза тврди дека ќе има трет кредит за Грција

grcijavremepari514s4a65er

Потпретседателот на Европскиот парламент и европратеник на Сириза Димитрис Пападимулис изјави дека се подготвува нов кредит за Грција за да се покрие фискалниот јаз до 2016 година а со тоа и нов меморандум кој поинаку ќе се нарекува.

„Единственото нешто за што се заинтересирани Владата и кредиторите на Грција е да се смени пакетот кој нема да го нарекуваат меморандум, туку со друг збор и да ја променат формата на тројката. Надзорот, сепак, ќе остане, можеби без учество на ММФ”, изјави тој во интервју за државната агенција АНА-МПА.

Според Пападимулис, „догмата на Меркел треба да се напушти, бидејќи не само што ги води грчката економија и општество по катастрофален пат, туку исто така ја доведе еврозоната на работ на нов циклус рецесија со многу сериозни ризици од дефлација“.

Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера изјави дека на Грција не и е потребен трет спасувачки пакет, бидејќи земјата ќе успее самата да се соочи со ситуацијата, без дополнителни заеми од нејзините европски партнери.

„Најверојатно ќе можеме да ја контролираме одржливоста на нашиот долг без нови меморандуми, без потреба од нови заеми“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП