2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриските инвеститори во Македонија пооптимистични за 2015 година

Австриските инвеститори во Македонија пооптимистични за 2015 година

biznisklimajdoieurt94

Австриските компании кои работат во Македонија се пооптимистични за бизнис климата за работа во земјава за годинава и со поголем оптимизам за наредната година. Очекуваат поголем промет, вработување, како и повеќе инвестиции.

Условите за привлекување странски инвеститори како добри ги оцениле 26 проценти, а 51 отсто како задоволителна.

Ова го покажуваат резултатите од второто истражување што го спроведе Трговското одделение при Австриската амбасада во Република Македонија за бизнис климата меѓу австриските компании кои работат во земјава.

Моменталната економска состојба во Македонија најголемиот дел или 39 проценти ја оцениле како задоволителна, а 23 проценти како добра. Герхард Шлатл од Трговското одделение на денешната прес-конференција, презентирајќи ги резултатите од истражувањето, рече дека има напредок во однос на минатогодишното истражување кога 13 проценти од компаниите ја оцениле како добра економската состојба.

За 2014 година повеќе од половина, односно 55 проценти се изјасниле дека состојбата ќе биде слична, а 40 проценти подобра, каде исто така има напредок бидејќи лани се изјасниле само 13 проценти.

Во наредната година 54 проценти очекуваат нивниот сектор да се развива.

Моменталната состојба во својата компанија 50 проценти ја оцениле како задоволителна, а 32 проценти како добра.

Во истражувањето 62 проценти се изјасниле дека ќе имаат раст во компанијата во 2015 година, бројот на вработени за 47 проценти ќе остане непроменет, а 42 проценти дека ќе има раст на вработените и 45 проценти се изјасниле дека ќе имаат раст на инвестициите.

Според Шлатл, сите овие фактори покажуваат дека работите се подобруваат.

Австриските компании имале одредени забелешки во однос на платежниот морал, а бараат и подобрување на инфраструктурата.

Австрија е трет инвеститор во Македонија. Според Народната банка на Македонија вкупниот износ на австриските директни инвестиции во земјава изнесува 437 милиони евра до вториот квартал на 2014 година.

Најголемиот дел се во услужниот сектор, а многу малку во производството, но како што рече Шлатл, очекуваат тоа во иднина да се промени.

Во Македонија работат 45 до 50 компании од Австрија и вработуваат меу 5.000 и 6.000 лица во земјава.

Со истражувањето беа опфатени менаџери на австриските компании, а беше спроведено од јуни до средината на јули годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП