Канадската компанија Бомбардије, трет најголем производител на авиони во светот, имала за 93 отсто помала добивка во текот на четвртиот квартал во 2012 година, што е последица на реформите вредни 1119 милиони долари.

Нето добивката падна на годишно ниво на 14 милиони долари од 214 милиони долари. Меѓутоа, деловниот промет на компанијата е зголемен од 4,3 на 4,8 милијарди долари.
Бомбардије соопшти дека руската компанија Илужн Фајнанс порачала 42 авиони од новата верзија Ц-Серија во вредност од околу 3,42 милијарди долари, а се очекува дека до крајот на јуни во 2013 година ќе се реализира првиот дел од испораката.