27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Венецуела достигна 63,4 проценти

Инфлацијата во Венецуела достигна 63,4 проценти

110422212354102b7485a8a528188128_640x427

Централната банка на Венецуела ги објави долго одложуваните податоци за инфлацијата кои покажуваат дека стапката на инфлација продолжува да расте, што народот всушност го знаеше според цените.

Централната банка соопшти дека инфлацијата во последните 12 месеци изнесува 63,4 проценти.

Банката е критикувана поради тоа што за време на летото престана да ги објавува месечните податоци за инфлацијата, иако тоа е пропишано според законот. Последните податоци беа објавени во мај, и тогаш инфлацијата изнесуваше 60,9 проценти.

Домашната валута боливар опадна на рекордно ниско ниво на црниот пазар овој месец, опаднаа и инвестициите и има недостаток на основни намирници.

Претседателот Николас Мадуро предложи низа мерки за поттикнување на проблематичната економија, вклучувајќи поскапување на цените на бензините кои сега се исклучително евтини, и намалување на контролата на цените на основните производи и храната, кои вештачки се држат на ниско ниво.

Додека инфлацијата расте, платите главно се непроменети со што се намалува и вредноста на оние мали заштеди кои сиромашните во Венецуела успеале да ги направат. Минималната плата е околу 600 долари годишно, според црниот девизен пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП