1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве што можете да работите без факултетска диплома

Еве што можете да работите без факултетска диплома

employee

Тешката економска ситуација и се поголемите школарини принудија голем број на млади да ги напуштат факултетите, или воопшто да не се запишат.

За среќа, постојат професии кои се многу барани и добро платени, а за кои е доволно да имате само средно училиште.

Заварувач

200-500 евра

Атестираниот заварувач е едно од бараните занимања во Македонија. Постојат бројни обуки , а најосновните работи можат да се научат за неколку месеци. Заварувачите од Македонија често се наоѓаат на работа во странство, каде за неколку години заработуваат и до 20.000 евра.

Готвач

500 евра

Готварскиот смер постои во средните училишта во Макеоднија, како и специјализираните угостителско-туристички училишта. Во хотелите и добрите ресторани се заработуваат околу 20.000 денари месечно. Шефот на кујната може да заработи и повеќе од 30.000 денари.

Пекар

300-500 евра

Класичниот леб денес го подготвуваат машините. Сепак, пекарскиот занает се повеќе се цени, бидејќи во пекарите секојдневно расте понудата на разните видови кроасани, лиснати теста и сл. Експертите кои знаат да ги направат не се доволни, па затоа тие малкубројни лица се добро платени. Нивната просечна заработка е 500 евра.

Ѕидар, плочкар, водоводџија

500-1000 евра

Дневницата на квалитетниот ѕидар се движи од 20 до 30 евра, монтерите на клими во летните периоди заработуваат околу 50 евра за една наместена клима. Плочкарите можат да заработат околу 7 евра по квадрат од поставените плочки, додека водоводџиите за комплетно оспособување на бањата заработуваат и до 150 евра.

Личен тренер

1.000 денари за час

За некој да држи индивидуални тренинзи не му е потребен завршен факултет. На една од бројните обуки може да се добие сертификат за тоа. Еден час вежбање во просек чини 1.000 денари, а еден месец индивидувални тренинзи чинат околу 12.000 денари.

Комерцијалист

300 евра

Огласите се полни со понуди за работа за комерцијалисти, претставници за продажба, и разни менаџери за продажба. Потребно е работникот да е способен за работа со луѓе, да има добри комуникациски вештини и преговарачки способности и да поседува возачка дозвола. Просечната плата е околу 300 евра, но расте во согласност со реализираните продажби.

Програмер

600 евра

Програмерот се цени исклучиво според неговото знаење, а со него можете да се стекнете преку практична работа и учење на потребните програми. Иако компаниите обично бараат факултетски образувани експерти, тие никогаш не ги одбиваат оние кои ја знаат својата работа. Предноста во оваа работа е тоа што можете самостојно да работите од вашиот дом за странци, домашни компании или можете да развиете сопствени проекти.

Фризер

до 1.000 евра

Квалитетниот и рекламиран женски фризер месечно заработува барем 1.000 евра. Цената за шишање се движи до 2.000 денари, додека останатите третмани за коса чинат многу повеќе.

Масер

500 евра

За некој да се занимава со масирање доволно е да посетува обука која во зависност од масажите чини од 100 до 200 евра. Овие пари можат многу лесно да се вратат, бидејќи масерите за еден час масажа наплатуваат од 500 до 1.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП