26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 23 години Ди Монтеѕемоло си заминува од Ферари

По 23 години Ди Монтеѕемоло си заминува од Ферари

luka di montezemolo

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло стави крај на шпекулациите за неговата иднина во тимот од Формула 1 и објави дека ја напушта функцијата.

Пред утрешниот состанок на бордот на директори на Ферари, на кој се очекува да бидат објавени рекордни приходи, Ди Монтеѕемоло најави дека става крај на 23-годишниот престој во тимот од Маранело.

Шпекулациите за иднината на 67-годишниот Ди Монтеѕемоло се зголемија во текот на минатиот викенд, во кој се одржа Гран При на Италија на патеката „Монца“. За време на состанокот со медиумите во саботата тој најави дека нема намера да си замине и призна дека има понуда за нов тригодишен договор, кој го добил од управата на компанијата, а уште е во сила.

Прашањата за останувањето на Лука ди Монтеѕемоло се појавија повторно, откако извршниот директор на Фиат, Серџо Маркионе оцени дека е неприфатливо претставувањето на Ферари во Формула 1. Во моментов нема потврда, но се очекува токму Маркионе да ја преземе претседателската функција во „Скуредија Ферари“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП