24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот извоз најголем од 1995 година

Словенечкиот извоз најголем од 1995 година

uvoz-izvoz55252252525

Словенечкиот извоз во јули оваа година во споредба со јули минатата година, се зголемил за 5,3 проценти, додека увозот се намалил за 3,4 проценти, покажуваат најновите податоци на словенечкиот Завод за статистика.

Од Словенија во јули била извезена стока во вредност од 2,02 милијарди евра, а увезена била стока со вредност од 1,9 милијарди евра. Покриеноста на увозот со извозот била 104,2 проценти, а суфицитот во стоковата размена изнесувал 82 милиони евра.

Заводот за статистика на Словенија заклучи дека извозот во извештајниот период бил најголем од 1995 година.

Извезена е најголема стока од групата на лекови, а увезени се најмногу стоки од групата на нафтени масла и масла добиени од битуменозни материјали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП