3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА4 најчести CV грешки

4 најчести CV грешки

10 steps to a successful CV (330 x 220)

Сакате секој пат кога ќе аплицирате за некоја работа да ве повикаат на разговор? Водете сметка за следново…

Грешки, грешки, грешки

Дури и неколку правописни грешки можат да ве прикажат како мрзеливи и не многу заинтересирани за работата. Некогаш тешко е да ги воочите, па затоа побарајте од некој ваш близок услуга да го прегледа вашето CV.

Лош изглед и формат

CV-то е показател на вашиот начин за презентација. Ако со него не можете да привлечете внимание, како ќе го направите тоа на состаноците? Внимавајте на овие три правила: 1. Бидете концизни, 2. Користете класичен фонт, 3. Ставете ги личните податоци на почетокот, а потоа прејдете на искуствата започнувајќи од моменталната работа па наназад.

Општо CV

Испраќањето на едно такво CV кај работодавецот значи елиминација во самиот почеток. Затоа истакнете го она што е важно за работата за која аплицирате. Доколку бараат компјутерски вештини, наведете ги сите курсеви од таа бранша, а секако изоставете ја кариерата како келнер и курсот за модерни танци.

Подлажување

Ова е опасно поле, иако 31 процент од луѓето признаваат дека малку претеруваат со „зачинувањето“ на своите вештини со цел да ја обезбедат работата. Доколку ве фатат на интервјуто дека сте користеле лаги, верувајте дека ќе бидете одбиени бидејќи работодавецот ќе побара некој друг кандидат во кој ќе може да има доверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП