19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP со приход од 28.4 милијарди ја стартуваше 2013 година

HP со приход од 28.4 милијарди ја стартуваше 2013 година

Hewlett-Packard

Цената на акциите на компанијата „HP“ малку се зголемија, по објавувањето дека забележале позитивни работни резултати во првото тромесечије од 2013 година. „HP“ оствари приход од 28.4 милијарди долари, од кои 1.2 милијарди профит.

Овие резултати се нешто подобри од оние кои и самите ги имаа предвидено, но и приходот и профитот и натаму се во пад во однос на минатите години.

Приходите се имаат намалено за дури 16 проценти, додека профитот за шест проценти, во однос на истиот период од минатата година.

Персоналните компјутери, принтери, бизнис системи, сервис и софтвер, се одделенијата на компанијата кои забележа пад, додека само финансиските сервиси забележаа пораст и покрај кризата ширум светот во таа област.

Мег Витман се уште е оптимист, велејќи дека компанијата во наредниот период ќе прикаже поголем број на програми и иновации. Останува да видиме дали ова е само класичен говор упатен кон акционерите или пак „HP“ подготвува некои значајни проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП