26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА8,5 милиони сиромашни Французи

8,5 милиони сиромашни Французи

francepeople1

Во Франција во 2012 година 8,5 милиони луѓе биле оценети како сиромашни, бидејќи нивните месечни приходи биле помали од 987 евра.

Парадоксално, стандардот на пензионерите таа година бил подобар за 0,3 проценти во однос на претходната година, покажа објавеното истражување на францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Во 2012 година половина од жителите на континентална Франција заработувале повеќе, а половина помалку од 1,645 евра месечно (19,740 за една година), се наведува во студијата на ИНСЕЕ.

Оваа, т.н. просечна заработка, која ја дели популацијата на два дела, е намалена за еден процент во 2012 година, односно, просечно за 0,3 проценти за четири години, од 2008 до 2012 година. Во претходниот период (2004-2008) просечната месечна плата растела за околу 1,8 проценти годишно.

Но, во 2012 година, спротивно на 2011 година, нееднаквоста во заработката донекаде била намалена, се нагласува во истражувањето. Стандардот е намален кај сите категории, но особено кај најбогатите и најсиромашните.

Всушност, кај 10 проценти од најбогатите французи, со годишен приход поголем од 37,340 евра, во 2012 година истиот се намалил за два проценти, најмногу поради падот на приходите од имотот, намалувањето на месечната плата и зголемувањето на даноците.

Најсиромашните, кои исто така сочинуваат околу 10 проценти од населението, чии годишни приходи се помали од 10.610 евра, особено биле погодени од невработеноста, но и од намалувањето на социјалната помош.

Во 2012 година 8,5 милиони жители на континентална Франција се сметале за сиромашни, бидејќи живееле со помалку од 60 проценти од просечната заработка, односно со помалку од 987 евра месечно, прецизира ИНСЕЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП