23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМихаел Шумахер префрлен на домашно лекување

Михаел Шумахер префрлен на домашно лекување

Michael Schumacher

Поранешниот светски првак во трките за Формула 1, Михаел Шумахер ја напушти болницата во Лозана и е префрлен на домашно лекување.

Неговата менаџерка Сабине Кем изјави дека кај Шумахер е забележан „напредок во лекувањето“, но таа додаде дека пред него има „долг и тежок пат“ за опоравување.

Михаел Шумахер доживеа тешки повреди на главата по падот за време на скијањето на француските Алпи.

Инцидентот се случи во декември минатата година, кога германскиот возач беше на зимски одмор со своето семејство.

Во јуни оваа година тој ја напушти болницата во Гренобл, каде шест месеци француските лекари го држеа во состојба на медицинска кома за да не се предизвикаат потешки оштетувања на неговиот мозок.

По повлекувањето на тој третман, Шумахер беше префрлен во една специјализирана болница за рехабилитација во Лозана.

Од таму, славниот германски автомобилски тркач сега е прфрлен во неговиот дом во местото Гланд, кое се наоѓа на брегот на Женевското Езеро и е одалечено 40 километри од Лозана.

Шумахер е роден во 1969 година и седум пати беше светски првак во Формула 1.

Последен пат победи во 2006 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП