
Делегација од Стопанската комора на Македонија денеска во Приштина ќе одржи работен состанок со претставници на Стопанската комора на Косово.


Делегација од Стопанската комора на Македонија денеска во Приштина ќе одржи работен состанок со претставници на Стопанската комора на Косово.
Целта е информирање за актуелната надворешно-трговска размена, но и почеток на најновиот принцип на соработка – испраќање лице од едната комора во другата и негов едномесечен престој.
Двете комори, како резултат на воспоставениот договор за соработка, а во интерес на членките и во рамките на вкупните економски односи меѓу Македонија и Косово, ќе работат на интензивирање на надворешно-трговската размена, соопшти Стопанската комора на Македонија.