8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Русија ќе ги заштити сите домашни компании

Медведев: Русија ќе ги заштити сите домашни компании

meddi1

Русија ќе ги подржи и ќе продолжи да ги подржува домашните компании изложени на санкциите од Западот без оглед на нивната сопственичка структура, изјави денес рускиот премиер Дмитриј Медведев.

„Тоа е одговорност на Владата – да ги штити руските бизниси, ако тие се соочени со нечесните и незаконски санкции од странските држави или странските компании“, изјави Медведев во обраќањето пред новинарите.

„Секоја руска компанија која ќе има проблеми поради економските санкции ќе добие соодветна помош од Владата на Русија, со цел да се намалат загубите, и да се задржат вработените на своите работни места“, додаде Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП