Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на Словенија (Ва1) за наредните 12 до 18 месеци на стабилна од негативна.
Таквата оценка следеше благодарение на постепеното подобрување на макроекономските услови и докапитализацијата на најголемите банки, со што би требало да се намалат притисоците поврзани со квалитетот на средствата на банките и да ги вратат банките на пат кон скромна профитабилност.
„Moody’s“ наведува дека економската клима во Словенија постепено се разведрува, што би требало да го поттикне кредитирањето и да ја намали веројатноста дека ќе дојде до брза акумулација на ненаплатливи кредити, пренесува агенцијата СТА.
За зголемување на прогнозата придонесе и трансферот на дел од ненаплатливите кредити од банките NLB и NKBM во т.н. „лоша банка“ BAMC и финансиската помош за словенечките банки од декември минатата година, наведува „Moody’s“.