18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески во посета на Азербејџан

Ставрески во посета на Азербејџан

Stavrevski_zoran

Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска е во посета на Азербејџан, каде што се сретна со министерот за економија и индустрија Шахин Мустафајев.

Како што соопшти Министерството за финансии, на средбата станало збор за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји, како и за можностите за нејзино унапредување.

Во рамки на посетата, делегацијата имаше средба и со повеќе компании од областа на градежништвото, прехранбената индустрија, како и средба со Турско – азербејџанската бизнис асоцијација ТУСИАБ, на кои беа презентирани поволностите за инвестирање во Македонија, а се дискутираше и за можностите за соработка.

Делегацијата, во чиј состав се заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски и советникот за странски инвестиции Хади Незир, присуствуваше и на бизнис форум кој се одржа во Бизнис центарот АЗПРОМО, на кој учествуваат педесетина компании од различни области и е одлична можност за договарање соработка со целни сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП