3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook веќе е проценет на над 200 милијарди долари

Facebook веќе е проценет на над 200 милијарди долари

facebook-ipo-stocks

Акциите на „Facebook“ достигнаа во петокот рекордна цена од 77.36 долари за акција, но ја завршија неделата на ниво од 77.26 долари.

Со цената од над 77 долари, вредноста на социјалната мрежа веќе е над 200 милијарди долари. Компанијата неодамна објави дека нејзините приходи за вториот квартал се зголемиле за 61%, а профитот достигнал 791 милиони долари во однос на 333 милиони долари за една година порано.

„Facebook“ предвиде 1.5 милиони реклами кон крајот на вториот квартал. Компанијата веќе располага со 1.32 милијарди.

Месечните корисници или скоро 63% од нив ги користат услугите на социјалната мрежа секојдневно.

Приходите од мобилните услуги на „Facebook“ пораснаа за 151% на годишна основа, придонесувајќи за близу 62% од приходите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП