28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција бара од „тројката“ рати за даночните обврзници кои и должат на...

Грција бара од „тројката“ рати за даночните обврзници кои и должат на државата

grcija-evra[arinazad

Грција побара од „тројката“ меѓународни кредитори да одобри план кој ќе им овозможи на даночните обврзници да ги платат своите долгови кон државата во 100 или повеќе рати.

Како што дознава „Катимерини“, грчката Влада се надева дека тројката ќе дозволи и до 108 рати во некои случаи, но верува дека поголема е веројатноста кредиторите на Грција да се согласат со планот според кој долговите би се плаќале од 48 до 72 рати.

Грција бара 100 и повеќе рати за оние што им должат до 15.000 евра на фондовите за социјално осигурување. Сегашните бројки на Владата покажуваат дека речиси 66 проценти од должниците должат до 20.000 евра. Најмногу 72 рати ќе им бидат понудени на оние кои должат до 300.000 евра, доколку „тројката“ го одобри планот, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчката коалициска Влада се надева дека ќе добие зелено светло за намерата на поголемите бизниси да им се дозволат и 120 месечни рати со што тие полесно би ги платиле долговите.

Покрај тоа, Атина сака да им понуди на должниците и големо намалување на каматите ако тие се во можност да ги избришат своите долгови со паушална исплата.

Владата исто така сака да ја намали каматната стапка на износот кој го должат даночните обврзници од моменталните 8,15 отсто на околу четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП