2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција излегува од рецесија

Грција излегува од рецесија

grcija-eib

Грција во третиот квартал веројатно ќе излезе од рецесијата која трае од 2008 година, а Владата најави и намалување на данокот воведен во екот на должничката криза, што би значело дека на долгогодишната политика за строго буџетско штедење и доаѓа крајот.

Грчкиот премиер, Андонис Самарас во својот годишен извештај изјави дека во третиот квартал бруто домашниот производ конечно би можел да забележи раст.

Тој не наведе конкретни проценки, меѓутоа, тоа ќе биде прв квартален раст од 2008 година, кога започна рецесијата која ја намали вредноста на грчката економија речиси за една четвртина.

Овие податоци се поддржани и од Евростат, според кој грчкиот БДП во вториот квартал е намален за само 0,2 проценти во однос на истиот минатогодишен период, што е најмалиот пад на економијата од третиот квартал во 2008 година.

Во првиот квартал БДП се намали за 1,1 проценти, па затоа, ако во втората половина од годината економијата значително порасне, за цела година би можел да биде забележан раст во однос на минатата година.

„Ова е година кога Грција ќе застане на сопствените нозе. Да, таа сеуште е ранета, но нејзините рани се излекувани и во неа сега се гледа иднината“, изјави Самарас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП