
ЕУ вчера усвои пакет нови санкции против Русија, соопштија од канцеларијата на претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.


ЕУ вчера усвои пакет нови санкции против Русија, соопштија од канцеларијата на претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.
„Санкциите ќе стапат на сила во рок од неколку дена и по објавувањето во Службениот весник на ЕУ“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека ЕУ е подготвена да изврши ревизија на договорените санкции зависно од ситуацијата на теренот во Украина.
Прекинот на огнот во Украина стапи на сила на крајот на минатата недела. Тоа е дел од планот за завршување на петмесечниот конфликт во кој, според податоците на ОН, загинале повеќе од 3.000 лица.