3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДојче Телеком влегува во бизнисот со онлајн обложување

Дојче Телеком влегува во бизнисот со онлајн обложување

deutche

Дојче Телеком се подготвува за влез во спортското обложување за да го зграби делот од колачот од тој пазар, кој во Германија се мери во милијарди евра, како што пренесуваат германските медиуми.

„Услугата за онлајн спортското обложување доживува огромен раст, па затоа вложувањето во оваа дејност е интересна за Дојче Телеком“, се вели во соопштението на портпаролот на Дојче Телеком кое го пренесе германскиот весник „Sueddeutsche Zeitung“.

Според пишувањата во медиумите, Дојче Телеком планира да понуди услуги за обложување преку компанијата Deutsche Sportwetten GmbH (DSW), која наскоро треба да добие соодветна дозвола од германската влада.

DSW е на листата на компании кои би требало да добијат дозвола, но крајниот резултат ќе биде објавен за 15 дена, изјави портпаролката на Дојче Телеком.

Доколку DSW добие дозвола, Дојче Телеком планира да купи удел во компанијата и да стане нејзин мнозински акционер, изјави портпаролката. Таквата намера на Дојче Телеком веќе била одобрена од Агенцијата за заштита на конкуренцијата.

DSW во моментов е во сопственост на австриски оператор, кој како што наведува весникот „Sueddeutsche Zeitung“, по купувањето на акциите од страна на Дојче Телеком ќе остане малцински акционер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП