12 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов рекорден месец за Mercedes

Нов рекорден месец за Mercedes

rekord mece 239

Германскиот премиум производител продолжува да ги подобрува сопствените продажни рекорди. Па така во август на купувачите ширум светот им се испорачани 118.887 автомобили, што претставува раст од 9.7 отсто во споредба со истиот месец во 2013-та.

Благодарејќи на успешниот август, од почетокот на годината продадени се 1.032.310 единици (+12,3% повеќе во однос на истиот период од 2013-та), а компанијата до милион продадени автомобили стигна еден месец претходно отколку во 2013-та година.

Врз основа на досегашните резултати во „Mercedes“ веруваат дека 2014-та ќе биде уште една рекордна година кога станува збор за продажбата на автомобили на оваа марка.

„Очекуваме дека почетокот на продажбата на новата „C сlasѕ“ на големите пазари, како Кина и САД, како и лансирањето на караван верзијата на „C сlasѕ“ и „S сlasѕ Coupe“ ќе дадат дополнителен поттик во продажбата и да допринесат на крајот на 2014-та да забележиме уште еден подобар резултат во историјата“, вели членот на управниот одбор на „Mercedes“, Oла Калениус.

„Mercedes“ во август забележа раст во Европа од 4.8 отсто (продадени 45.661 возила), oд кои близу половина од овие автомобили се испорачани на најважниот пазар, во Германија, каде компанијата остана лидер во продажбата меѓу премиум производителите.

Значаен раст (+15,8%) е постигнат во азиско-пацифичкиот регион, каде се пласирани 37.591 автомобили на овој производител, од кои само во Кина се продадени 21.398 возила.

Во вкупната продажба на четирите компактни модели (A, B, CLA и GLA сlasѕ) учествувале со дури 33.012 единици, што покажува дека одлуката на компанијата да го засили присуството во овој сегмент бил добар потег.

„Mercedes“ соопшти дека од лансирањето на „CLA сlasѕ“ (2013), па до денес на купувачите им биле испорачани преку 100.000 примероци од овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП