26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat нуди обврзници вредни 500 милиони евра

Fiat нуди обврзници вредни 500 милиони евра

fiat115455556

Италијанскиот производител на автомобили „Fiat“ потврди дека повторно понудил на продажба обврзници вредни 500 милиони евра со рок на доспевање во јули 2022 година, со фиксна каматна стапка од 4,25 проценти, 50 базични поени пониско од оние кои беа понудени ова лето.

„Fiat“ наведува дека побарувачката за обврзници со рејтингот на „Moody’s“ В2 и „Standard&Poor’s“ и „Fitch“ ВВ – значително ја надминала понудата, пренеусва агенцијата Франс прес.

Продажбата на обврзници доаѓа само неколку недели пред иницијалната јавна понуда на акции на новата компанија „Fiat Chrysler“ на њујоршката берза, која се очекува на средината на октомври. Конечниот чекор во процесот за спојување на двете компании беше исплатата за акционерите кои не го одобрија договорот.

На тие акционери им беа исплатени 463 милиони евра во рамките на лимитот од 500 милиони евра, кој беше одреден како горна граница за исплата на акционерите кои не се согласуваат со спојувањето на компаниите.

Обединувањето на автомобилските компании започна уште во 2009 година, кога „Fiat“ купи 20 проценти од „Chrysler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП