20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија едвај забележа раст

Белгија едвај забележа раст

139359858553fecef94afa3231439321_640x493

Економскиот раст на Белгија изнесува 0,1 проценти во вториот квартал, соопшти белгиската Централната банка наведувајќи го како причина зголемувањето на расходите.

Во првиот квартал, растот на БДП изнесувал 0,4 проценти.

Во однос на вториот квартал од 2013 година, економските активности во истиот период оваа година пораснале за 0,1 проценти.

Во вториот квартал од оваа година пораснаа расходите за домаќинствата за 0,3 проценти, јавната администрација за 0,1 проценти, а бизнис инвестициите за 2,9 проценти.

Меѓутоа, инвестирањето на домаќинствата во трајните стоки е намалено за 0,2 проценти.

Централната банка очекува раст од 1,3 проценти оваа година, додека Владата и Европската комисија проценуваат дека растот ќе изнесува 1,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП