20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал десет години по ред е клуб со најголеми приходи во светот!

Реал десет години по ред е клуб со најголеми приходи во светот!

realite

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, објави рекордни приходи во историјата на фудбалот за минатата сезона – 603,9 милиони евра. Според минатогодишните резултати, оваа сума е зголемена за 10.9 проценти.

Како што вели првиот човек на „кралевите“ парите доаѓаат главно од маркетинг (32%) и ТВ права (30%). Клубот платил 157 милиони евра за даноци и социјално осигурување. Нето долгот на „белите“ е 71,5 милиони евра, што е намалување од 21 процент во однос на минатата сезона.

Од кога ќе се подмират сите трошоци, чистата добивка на Реал е 38 милиони евра.

„Реал Мадрид десета година поред е спортска институција со најголем приход во светот“, изјави Перез.

Инаку да потсетиме, „кралевите“ во мај ја освоија толку посакуваната „Децима“, 10-тата титула европски шампион.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП