8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија го продаде љубљанскиот аеродром на германска компанија

Словенија го продаде љубљанскиот аеродром на германска компанија

jozetapucnika1

Германската компанија „Фрапорт“, која управува со аеродромите во Франкфурт и во уште 12 градови, го купи аеродромот во Љубљана за 234 милиони евра, јавија словенечките медиуми.

Љубљанскиот аеродром минатата година беше вклучен на листата државни компании, кои треба да бидат приватизирани. До последен момент во трката за негово купување учествуваше и францускиот холдинг „Венси“.

Словенечкиот државен холдинг, агенција која управува со државните имоти во Словенија, соопшти дека на тендерот биле продадени 75,5 отсто од акциите на љубљанскиот аеродром, кои биле во сопственост на државата и на некои фондови.

Аеродромот беше втората најскапа компанија во сопственост на државата, по Телеком Словенија, кој исто така треба да биде приватизиран, но во моментов процедурата е замрзната до стапувањето на должност на новата влада на Миро Церар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП