25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрак тужи грчка бродска компанија поради транспорт на курдска нафта

Ирак тужи грчка бродска компанија поради транспорт на курдска нафта

nafta11

Ирак поднесе тужба против грчка бродска компанија за учество во извозот на сурова нафта од автономниот регион Курдистан, што според Багдад е незаконски, пишува весникот „Катимерини“.

Ирачкото Министерство за нафта соопшти вчера дека компанијата „Марин Менаџмент сервис“ (ММС) била оператор на пет бродови, кои транспортирале нафта од име на курдската регионална Влада од турско пристаниште.

ММС активно помагала во шемата за незаконски извоз на курдската регионална Влада, игнорирајќи ги многукратните предупредувања дека нафтата, која ја превезува не и припаѓа на курдската регионална Влада, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство, без да прецизира кога и каде е поднесена тужбата.

Ирак тврди дека ММС е одговорна за штети во износ од најмалку 318 милиони долари, а можеби и повеќе.

ММС, чие седиште е во Атина соопшти дека не е известена за тужбата и нагласи дека таа едноставно си ја вршела својата работа, превезувајќи стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП