3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнира Германија, стагнира и еврозоната

Стагнира Германија, стагнира и еврозоната

germany-EU-flags

Економијата на еврозоната во вториот квартал од оваа година стагнираше, покажуваат денес објавените официјални податоци на европскиот Завод за статистика Евростат.

Во својата втора проценка за раст на БДП на еврозоната, Евростат ја потврди нулта стапката на раст во овој блок за вториот квартал, но и благиот раст на БДП од 0,2 проценти за 28-члената Европска унија, пренесува агенцијата Франс прес.

Неочекувано ниската стапка на раст првенствено е последица на изненадувачкиот пад на економијата на Германија за 0,2 проценти, која главно е двигател на растот на еврозоната, но и стагнацијата на веќе слабата економија на Франција.

Објавувањето на првите проценки за раст на БДП за еврозоната на средината на август предизвика шок на светските финансиски пазари, создавајќи дополнителен притисок врз Европската централна банка да преземе нова акција. ЕЦБ вчера тоа и го направи, изненадувајќи со новите стимулации и намалувањето на каматните стапки.

Како што оценува Франс прес, постои растечка загриженост дека економијата на Европа, откако излезе од кризата, ќе биде осудена на стагнација или задушен раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП