20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на САД делува незапирливо

Растот на САД делува незапирливо

sad-amerika-sadsad47857

Американскиот услужен сектор во август зајакна, а индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) го достигна највисокото ниво од јануари 2008 година, соопшти Институтот за управување со набавките.

ПМИ во услужниот сектор минатиот месец пораснал за 0,9 поени на 59,6 поени, што е неговиот шести последователен месец во пораст, при што секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности, пренесува агенцијата АП.

Индексот во август минатата година изнесуваше 54,5 поени.

Деловната активност и вработувањето се зголемени, но новите нарачки се намалени. Раст на активностите е забележан во 15 од 17 услужни гранки, а повеќето компании кои работат во услужниот сектор се оптимистични во врска со остатокот од годината и очекуваат раст на нарачките и инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП