27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја поздрави одлуката на ЕЦБ

ММФ ја поздрави одлуката на ЕЦБ

downloadfvgfdkristinlagardmmf

ММФ изрази силна поддршка за изненадувачката одлука на Европската централна банка да му се спротивстави на забавувањето на економскиот раст и заканите од дефлација во еврозоната.

„Срдечно ги поздравуваме мерките на ЕЦБ, кои ќе помогнат при отстранувањето на опасноста од долготрајно ниската инфлација“, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард, пренесува агенцијата Франс прес.

ММФ во повеќе наврати ја повика ЕЦБ да преземе дополнителни чекори и да им помогне на економиите на 18-те земји членки на еврозоната, кои сеуште се борат со кризата, и покрај финансиската помош за Грција, Португалија и Ирска.

Во момент на растечката загриженост дека еврозоната е на работ на опасниот пад на цените, Централната банка ја намали референтната каматна стапка на 0,5 проценти од претходниот историски минимум.

Банката, исто така, ја намали и каматната стапка на депозитите, која банките ја плаќаат за депонираните пари во централната банка, на минус 0,2 од минус 0,1 проценти.

Ретки се оние аналитичари кои очекуваа дека ЕЦБ овој месец ќе повлече ваков потег, бидејќи сметаа дека тој, поради ионака рекордно ниските трошоци за задолжување, не би бил посебно ефективен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП