2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Можни се нови санкции против Русија поради Украина

Меркел: Можни се нови санкции против Русија поради Украина

mer

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите од НАТО сакаат политичко решение на украинската криза и се подготвени да разговараат со Русија, но предупреди дека е можно воведување нови санкции за зголемување на притисокот кон Москва.

– Подготвени сме да дадеме тежина на политичките барања со наметнување нови санкции. Пораката е дека сакаме политичко решение. Ние и особено украинскиотпретседател сме подготвени да разговараме за тоа со Русија, изјави Меркел на Самитот на НАТО во Велс.

Прашањето за воведување дополнителни санкции против Русија ќе се разговара денеска на седница на постојаните претставници на земјите од ЕУ во Брисел, пренесува ИТАР-ТАСС.

Меркел нагласи дека Западот треба да дејстува решително кон Русија, но истовремено да остави отворена врата за дијалог со Москва.

Германската канцелрака се изјасни против членството на Украина во НАТО, истовремено истакнувајќи ја потребата од поинтенизвна соработка со Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП